Бајден апелира до Американците да се вакцинираат за да ја исполнат целта на Белата куќа

Американскиот претседател Џо Бајден и потпретедателката Камала Харис ги повикаа сонародниците на вакцинирање против Covid-19, бидејќи сите показатели навестуваат дека Белата куќа нема да ја оствари целта за 70 отсто од вакцинираните меѓу возрасното население до 4-ти јули, а поради новите соеви на коронавирусот расте загриженоста.

„Веднаш дејствувајте, веднаш дејствувајте“, порача претседателот Џо Бајден од Белата куќа, повикувајќи ги Американците кои сѐ уште не се вакцинирале да разговараат со семејството и пријателите кои ја примиле вакцината, како и со своите лекари.

Смртните случаи и хоспитализациите драстично се намалени онаму каде што граѓаните се вакцинираче, но не и во другите подрачја, тврдеше Бајден во петокот.

Спроед сегашната стапка на вакциниањето, се чини дека е неверојатно да се достигне целта која ја постави Бајден за 70 отсто возрасни лица кои се вакцинирани со барем една доза од вакцините против Covid-19 до 4-ти јули, односно националниот празник Денот на независноста.

До петокот во САД околу 65,1 отсто лица биле вакцинирани барем со една доза од вакцината, а овој показател во изминатите две седмици се зголемил за само еден процентен поен.

Стапката на вакцинирање би требало и повеќе од двојно да се зголеми во следните две седмици за САД да го исполнат ветувањето на Баден, Засега само 15 од 50-те американски сојузни држави и Вашингтон ДиСи го достигнале посакуваното ниво од 70 отсто вакцинирани граѓани.

„Кога се вакцинирате, тоа значи дека нема да можете да ја пренесете болеста на неког друг бидејќи веројатно нема да добите Covid-19. Нели тое е љубов кон својот ближен“, изјави потпретседателката Камал Харис во петокот во познатата баптистичка црква во Атланта повикувајќи на вакцинирање.

САД во изминатите 150 дена уппотребиле 300 милиони дози од вакцините, соопштија за медиумите од Белата куќа пред изјавата на Бајден. Според овој извор, повеќе од 175 милиони Американци примиле барем една доза од вакцината, а 55 отсто од возрасните ги добиле двете дози.

Претходно седмицава САД го минаа црниот праг од 600.000 починати од Covid-19. Бројот на починатите од болеста во САД е највисок во светот, иако други земји, како Бразил и Велика Британија например имаат повисоки стапки на смртноста во однос на вкупното населние.