Американскиот претседател Џо Бајден ја прифати препораката на Пентагон за повлекување на американските војници од Авганистан до првично поставениот рок од 31-ви август, соопшти за Reuters во вторникот фунционер од неговата администрација.
Бајден, исто така, побарал плановите за вондредни состојби да останат на сила доколку биде потребно, додал неименуваниот функционер.
Препораката на Пентагон е одраз на сѐ поголемите безбедносни стравувања за ситуацијата на аеродромот во авганистанската престолнина Кабул, од која се евакуираат американските државјани и Авганистанците кои работеле за америакнските и странските мисии во земјата во текот на дведецениската војна, а сега се чувствуваат загрозени со доаѓање на власт на исламистичкото движење Талибан.
САД им порачаа на талибаните дека рокот од 31-ви август зависи од нивната соработка во олеснувањето на евакуацијата, додал соговорникот на Reuters. Најавил обраќање на претседателот Бајден подоцна во вторникот.
Пентагон претходно во вторникот објави дека засега не планира продолжување на рокот по 31-ви август и дека има намера да ги повлече американските војници од Авганистан до овој датум.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, изјави дека министерството за одбрана верува дека има можност да ги извлече сите Американци коишто сакаат да го напуштат Авганистан до 31-ви август.
„Апсолутно сѐ уште го имаме фокусот на крајот од месецот“, рече Курби и додаде дека Пентагон можеби ќе има потребна од дополнителни бази за сместување на евакуирани од Авганистан.
Курби рече и дека „неколку илјади“ Американци се евакуирани од Авганистан, но одби да ја открие прецизната бројка. Додаде, исто така, дека не може да ги изнесе процентот на евакуираните Американци.
„Упатството на претседателот беше да го довршиме повлекувањето, оваа евакуација и повлекувањето, до 31-ви декември. Тоа е насоката на којашто дејствуваме…“, рече Кирби.
Талибаните објавија во вторникот дека сакаат евакуацијата на сите странски државјани да заврши на 31-ви август и дека нема да се согласат на продолжување на овој рок, додека челниците на земјите од Г7 се состануваат за да разговараат за авганистанската криза. Истовремено, растат притисоците врз Бајден од сојузниците да договори уште време за евакуациите од кабулскиот аеродром.