Кремљ во четвртокот објави дека американскиот претседател Џо Бајден всушност ги понижува САД со своите навредливи изјави за рускиот претседател Владимир Путин, кого го низ пцовка го нарече „луд кучкин син“, додавајќи дека изјавата на Бајден претставува лош обид да глуми „холивудски каубој“.
„Го имаме лудиот кучкин син Путин и другите и секогаш мораме да се грижиме дека може да избие нуклеарна војна, но егзистенцијалната закана за човештвото е климата“, рече Бајден во Сан Франциско, каде што собира донации за неговата кампања.
Ова е нов во низата навреди на американскиот претседател на сметка на рускиот челник кои се сметаат за недипломатски и навредливи, кави што беа изјавите на Бајден дека Путин е „убиец“, „воен злосторник“ или „касап“, изминатите години кои „дообјаснуваше“ Белата куќа, како и во случајот кога Бајден уште во март 2022 година во полската престолнина Варшава рече дека „не смее да остане на власт“, веројанот повикувајќи на бунт во Москва или физичко отстранување на Путин од власта.
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изјави на редовниот дневен брифинг со домашните и странските новинари, дека „употребата на таков речник од страна на американскиот претседател против шеф на друга држава тешко дека ќе му наштети на нашиот претседател“. „Но, таквиот говор го деградира оној што го користи“, порача портпаролот на Путин.
Песков во продолжение рече дека Бајден се обидел да игра „холивудскиот каубој“, но дека, искрено, тој не мисли дека тоа е можно.
„Дали Путин некогаш изговорил ниту еден груб збор во својот говор? Тоа никогаш не се случило. Таквиот јазик само ја урива Америка“, рече Песков, додавајќи дека зборовите на Бајден се вистински срам за САД.
Но американските медиуми веднаш позочија на изјави на поранешниот руски претседател од 2008 до 2012 година, Димитриј Медведев, еднаш рече дека егзистенцијалната закана за светот доаѓа од „бескорисните старци како Бајден“. Тој, исто така,м рече дека Бајден е „сенилен“ и „подготвен да започне војна со Русија“.
Сепак, тие изјави на Медведев следеа по низата навреди и обвинувања од Бајден на адреса на Путин.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече дека следниот пат кога Бајден ќе ја употреби фразата „луд кучкин син“, треба да запомни дека Американците ја поврзуваат фразата со неговиот син – Хантер Бајден. Со тоа алудираше дека синот на претседателот на САД е регистриран зависник од дроги и алкохол, вмешан во криминали со подведување и простуција и истражуван за затајување данок и тргување со влијанието на татко му.