Џо Бајден, најстариот американски претседател во историјата на земјата, изјави дека го разбира фокусот на јавноста на неговата возраст, но дека се кандидира за реизбор затоа што Доналд Трамп сака да ја „уништи“ американската демократија.
Осумдесетгодишникот обично избегнува такви прашања, но на својата возраст се осврна во Њујорк, велејќи дека неговото искуство му помогнало да се справи со кризите како војната во Украина и пандемијата на Ковид-19.
„Се чини дека многу луѓе се фокусирани на мојата возраст“, рече Бајден.
„Го сфаќам, верувајте ми, го добивам повеќе од кој било. Се кандидирам затоа што демократијата е загрозена, бидејќи во 2024 година демократијата е повторно на гласачкото ливче. И нека нема сомнеж: Доналд Трамп и неговите MAGA републиканци се решени да ја уништат американската демократија“, тврдеше Бајден.
Демократот додаде дека нема да им се „порклекне“ пред „диктаторите“ и го обвини Трамп, чиј слоган е Make America Great Again (Направете ја Америка повторно голема), дека тоа го сторил пред рускиот претседател Владимир Путин.
Влијателниот американски колумнист Дејвид Игнатиус од The Washingotn Post предизвика бурни реакции минатата седмица кога го повика Бајден да не се кандидира, велејќи дека Бајден ризикува да го поткопа неговото „најголемо достигнување“ со поразот на Трамп.
Бајден, кој оваа семица присуствува на Генералното собрание на ОН во Њујорк, ќе имаше 86 години на крајот на вториот мандат, а неговите републикански противници немилосрдно го таргетираат.
Трамп, кој има 77 години и би бил најстариот претседател доколку победи на изборите следната година, во интервју емитувано во неделата рече дека Бајден „не е премногу стар“, но дека е „неспособен“.
Бајден редовно е критикуван поради неговата возраст но уште повеќе во прашање се доведуваат неговите когнитивни способности, имајќи ги предвид бројните гафови од падови преку панични ракции на кукли и губење на правецот на движење до грешење на лицата на кои им се обраќа и обраќање кон одамна починати лица.
Последната лекарска процена на здравјето на Бајден од февруари 2023 година наведува дека тој е со „добро здравје“, но Белата куќа покрај тоа што никогаш немала повозрасен станар не се соочила и со толку инциденти.
Џо Бајден на крајот од потенцијалниот втор мандат би имал 86 години, поради што често е критикувана неговата намера да се кандидира уште еднаш. Моменталните анкети покажуваат дека мнозинството од Американците, иако разликата во години меѓиу Бајден и Трамп е мала, повеќе ги загрижува здравјето на Бајден и неговите когнитивни способности.