Бајден го предупредил Иран да не ги гаѓа американските војници

Американскиот претседател Џо Бајден му испрати ретка порака на иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи предупредувајќи го Техеран да не ги цели американските војници на Блискиот исток, соопшти Белата куќа во четвртокот, по низата напади врз американските сили во регионот.

„Испратена е директна порака“, тврдеше портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби на брифингот за медиумите, меѓутоа не изнесе поединости.

Американските функционери, како што истакнуваат и иранските, сакаат да избегнат поширок судир на Блискиот исток откако по нападот на Хамас од 7-ми октомври Израел одговори со масивно ракетирање и бомбардирање на палестинската енклава Појасот Газа.

Околу 900 дополнителни американски војници се упатени кон Блискиот исток а некои таму се прекомандувани од неодамна за да ја зајакнат противвоздушната одбрана и да ги заштитат американскиот воен персонал во екот на зголемениот број на нападите во регионот кои ги изведуваат локални доброволечки милиции кои се поврзани со Иран, според Пентагон.

Американската војска изминатава седмица е нападната барем 12 пати во Ирак, каде има бази по инвазијата во оваа земја во 2003 година, и четири пати во Сирија каде има десетина бази во североисточниот дел каде со упадот по 2011 година ги држи под окупација најбогатите сириски наоѓалишта на нафта и непречено незаконски ги експлоатира.

Претходно во средата Бајден рече дека го предупредила ајатолахот Хамнеи дека САД ќе одговорат доколку американските сили и натаму бидат цел, но и американскиот претседател не кажа како пораката била искомуницирана.

„Моето предупредување за ајатолахот е тоа дека доколку продолжат против војската, ќе одговориме, а тој би бил требало да биде подготвен. Тоа нема никаква врска со Израел“, рече Бајден за новинарите.

Американската министерка за финасии Џенет Јелен во четвртокот рече дека администрацијата на Бајден бара повеќе можности за намалување на дотокот на финансии за Хамас по нападот врз Израел.

Јелен во интервјуто за Bloomberg News рече дека администрацијата во Вашигнтон веќе преземала „голем број“ чекори завоведувањ санкции против Хамас. Рече, исто така, дека засега не гледа многиу последици од судирот меѓу Израел и Хамас врз глобалната економија, но внимателно го следи развојот на настаните.