Американскиот претседател Џо Бајден го прогласи 14 декември за Ден во спомен на жртвите од убиството на 20 првачиња и шест возрасни во основното училиште Сенди Хук, кое се случи точно пред десет години. Тие беа убиени од Адам Ланза, кој упадна во училиштето со полуавтоматска пушка.
Овој датум е и симболичен спомен за сите жртви од оруженото насилство во САД коe доби критични размери во изминатата деценија и пол.
„Тие првооделенчиња денеска требаше да бидат единаесетти клас и да ја планират матурската вечер во своето школо и својата иднина“, се наведува во соопштението од Белата куќа, потпишано од Бајден.
– Загинатите педагози требаше да спремаат програма за новите ученици и да уживаат целосно во животот покрај своите најблиски. Наместо тоа, нивните клупи останаа празни засекогаш, нивните семејства остана со празнина во срцето, а нашата земја се лиши од честичка од својата душа.
Претседателот годинава, првпат по 30 години, потпиша двопартиски закон за контрола на оружјето, и презеди низа извршни мерки за намалување на насилството со употреба на огнострелно оружје. Бајден застапува забрана на боево оружје и оружјето со полнење со голем капацитет.
-Ајде да им дадеме признание за храброста на преживеаните и семејствата на жртвите… да земеме на себе одговорност да се искорени насилството со употреба на огнострело оружје, и да помогнеме на заедниците кои така силна настрадаа да се обноват, изјави Бајден.