
Ова е првпат актуелниот американски претседател да го прославува 80-от роденден, а Џо Бајден чијашто возраст е тема на дискусии има намера да се кандидира за уште еден мандат на изборите по две години, настанот го одбележува во тесниот семеен круг.
Рано претпладнето по локално време првата дама на САД, Џил Бајден објави нежна порака со две фотографии на коишто двојката танцува свечено облечена.
„Не би сакала да танцувам ниту со кој и да е друг. Среќен роденден Џо! Те сакам“, напиша Џил Бајден на Twitter.
Претседателот го слави својот роденден во Вашингтон со закуска којашто ќе ја приреди Џил, соопшти претходно денеска портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, додавајќи дека се очекува доаѓањето на членовите на семејството Бајден кои се веќе во главниот град, бидејќи во саботата присуствуваат на венчавката на внуката на Џо Бајден.
Во саботата претседателот ја прослави венчавката на својата сопруга Наоми, коешто беше затворено за медиумите.
Бајден во семејниот круг ќе разговара и за евентуалната кандидатура на претседателските избори во 2024 година. Досега повеќепати најавуваше дека има намера да се кандидира и изјави дека конечната одлика за тоа ќе ја донесе на почетокот од следната година.
Анкетите, пак, покажуваат дека мнозинството Американци, вклучително и поддржувачите на неговата Демократска партија не сакаат Џо Бајден повторно да се кандидира.
Иако Џо Бајден не е исклучок во американската политика, каде што не е реткост да се сретнат влијателни личности на возраст меѓу 75 и 85 години, изборите на средината од неговиот мандат, сепак, го подмладија членството на Демократската партија.
Бајден пред една година беше на систематски преглед на кој лекарите оценија дека е во добра здравствена кондиција. Меѓутоа, неговите години се причина за вкочанетиот од и повремената збунетост, и низата гафови кои кај неговите критичари предизвикуваат прашање за неговите когнитивни способности за извршување на исклучително важната должност.