Бајден и Џонсон за единството на Г7 и НАТО кон Русија

Групата најбогати земји на светот Г7, чиишто челници во неделата се собраа на самитот во јужната германска сојузна покраина Баварија, и НАТО сојузот „мора да останат заедно“ по прашањето на руската агресија во Украина, оценија американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон.

Челниците на Велика Британија, Германија, Италија, Јапонија, Канада, САД и Франција, седумте индустриски најразвиени земји во светот, денеска пристигна на самитот на Г7, кој се одржува во баварските Алпи.

„Мораме да останеме заедно“, рече Бахден на самиот почетокот од средбата со домаќинот, германскиот канцелар Олаф Шолц.

Според Бајден, рускиот претседател Владимир Путин, наводно од самиот почетокот сметал дека ќе дојде до раскол меѓу земјите од НАТО и Г‘, но дека „тоа нема да се случи“.

„Мислам дека ова можеме да го пребродиме и да излеземе посилни“, рече Бајден алудирајќи на војната во Украина.

Британскиот премиер Борис Џонсон пред почетокот на состанокот на врвот, исто така, ја истакна важноста Западот да го задржи единството во своите политики против Русија.

Џонсон смета дека светските челници „мора да ја препознаат и признаат цената“ за поддржување на Украина, вклучително и растот на цените на енергенсите, но и да сфатат дека би платиле „многу повисока цена“ доколку би ѝ „овозможиле“ на Русија „да победи“.

„Кога би отстапиле, кога би му дозволиле на Путин да отцепи големи делови од Украина и да продолжи со освојувањето, таа цена би била многу многу поголема. Тоа сите тука го разбираа“, оцени Џонсон.

Самитот на Г7 се одвива во замокот Елмау во подножјето на највисоката германска планина Цугшпице, На истото место Германија беше домаќин на челниците на Г7 кога последен пат го организираше состанокот на врвот во 2015 година. Тогаш на состанокот доминираше соединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Руската Федерација, што за Западот е нелегално руско анектирање на украинска територија.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, пред почетокот на самитот продолжи со своите тврдења и негирање на тврдењето на Москва дека Западот е виновен за прехранбената криза во светот. Според него, Русија води „игри на глад“, тврдејќи дека „Кремљ е единствено одговорен“ за глобалната криза со храната, поради што патат најсиромашните земји и домаќинства со ниски приходи.

Мишел и истраен во своите тврдења дека Русија ја користи „храната како тивко оружје на војната“, и покрај тоа што податоците од минатите невоени години не укажуваат толку на значителниот удел на рускиот и украинскиот извоз на прехранбените продукти.

„Русија ги блокира пристаништата, ја напаѓа земјоделската инфраструктура, ги претвора житните полиња во воени полиња., Времето истекува и ЕУ работи на алтернативите за украинските земјоделски производи“, додаде Мишел без да даде докази за своите тврдења.