
Американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц во телефонски разговор доцна ноќта во неделата повторни ја осудиле руската анексија на четирите украински региони каде руското и рускојазичното мнозинство на референдуми пред две седмици се изјасни за присоединување на Русија што Западот не го признава, како и за наводните нуклеарни закани од Москва.
Бајден и Шолц рекле дека „неодамнешните нуклеарни закани од Русија се неодговорни“, изјави портпаролот на германската влада Штефен Хебезтрејт.
Според Белата куќа, двајцата челници истакнале дека „ќе продолжат со безбедносната и економска помош на Украина, како дека ја сметаат Русија одговорна за бруталните акции“ во Украина.
По одржаните референдуми во Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, на југоистокот на Украина, со кои според Западот се крши меѓународното право, рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека нападите врз тие територии ќе се сметаат за напади врз самата Русија. Путин притоа предупреди и дека нападот врз рускиот интегритет и суверенитет ќе биде бранет со „сите средства“, што на Западот веднаш беше протолкувано како „нуклеарна закана“.
Неколку денови претходно британската премиерка Лиз Трас во Лондон зборуваше за „превентивни нуклеарни напади“ врз Русија, а таквата идеја следниве денови ја повторуваа и функционери од Киев. Сепак, Вашингтон и американското разузнавање оценуваат дека нема никакви сигнали дека Москва разгледува употреба на нуклеарно оружје.
Сепак, во согласност со својата заканувачка реторика Вашингтон продолжи да ја предупредува Москва дека користењето нуклеарно оружје „ќе има сериозни последици“. Од Белата куќа не наведоа ниту во понеделникот што точно тоа значи.
Натаму во телефонскиот разговор Бајден и Шолц зборувале и за претстојните состаноци на групите Г7 и Г20, каде двете земји ќе ја стават „високо во прв план руската инвазија“, објавија од Берлин.
Тема на разговорот меѓу американскиот и германскиот претседател била и „неодамнешната очигледна саботажа“ врз руските гасоводи Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море, во територијалните води на Шведска и на Данска.
„Намерните прекинувања на работата на клучната инфраструктура се неприфатливи и ќе резултираат со единствен одговор“, рекле Бајдне и Шолц чии земји се против работењето на руските гасоводи Северен тек и настојуваат да ги прекинат испораките на руските енергенси во Европа.