Бајден масакрот над Ерменците од 1915-та официјално го прогласи геноцид, Турција го повика да ја „исправи грешката“

Американскиот претседател Џо Бајден во саботата колежот извршен врз Ерменците во 1915 година во времето на Османлинското царство официјално го класифицираше како геноцид, и оваа историска декларација ја разгневи Турција и веројатно дополнително ќе им наштети на нестабилните односи на двете значајни членки на НАТО пактот.

„Американскиот народ ги почитува сите оние Ерменци кои загинале во геноцидот пред 106 години. Ерменските имигранти во текот на долги години ги збогатија САД на небројни начини, но нигкош на ја заборавија трагичната историја (….) Ја почитуваме нивната историја. Ја гледаме таа болка. Ја потврдуваме историјата, Не о правиме тоа за да обвиниме некого, туку такво нешто никогаш да не се повтори“, се наведува во писмената изјава на Бајден дитрубуирана до медиумите.

Ерменската дијаспора во САД ќе го прослави симболичниот потег на американскиот период во периодот кога Вашингтон и Анкара остро се разликуваат по низа политички и безбедносни прашања.

Поради загриженоста за односите со Турција и интензивното лобирање на Анкара, американскиот Конгрес и американки претседатели со дедении се воздржуваа службено масакрот врз Ерменцита да го признаат како геноците и внимателно бираа изрази како да го означат колежот за да не ја навредат турската страна.

Кон крајот на ноември 2019 година републиканскиот сенатори Лидзи Греам, по барање на Белата куќа во периодот на претедателот Доналд Трамп, ја блокираше во Сенатот резолуцијата која ја поднесе демократскио сентаро Тед Круз. Меѓутоа, веќе во декември пред две години Сенатот ја усвои резолуција со којашто масакрот на Ерменците во Првата светска војна го признава за геноцид, којашто во октомври 2019-та ја усвои Претставничкиот дом во кој мнозинството го имаат демократите. Овој необврзувачки текст претходно неколкупати во Сенатот го блокираа мнозинските републиканци, сојузници на претседателот Доналд Трамп. Но во четвртокот никој не се спротиставил на едногласното усвојување на резолуцијата која ја предложи демократот Боб Мендез.

Ерменскиот геноцид го признаваат триесеттина земји и многу историчари. Според процените, меѓу 1,2 и 1,5 милиони Ерменци се убиени во Османлиското царство во периодот од 1915 до 1923 година. Турција признава дека многу Ерменци кои живееле во Османлиското царство се убиени во судирите со османските сили во текот на Првата светска војна, но не се согласува со бројот на жртвите и упорно негира дека убиствата биле систематски и дека станува збор за геноцид, а истакнува и дека во споменатиот период страдале и многу Турци.

 

Турција предупредува на „поткопување на односите“ и повика на „исправување на грешката“

Анкара целосно ја отфрла изјавата на американскиот претседател Џо Бајден во којашто тој призава ерменски геноцид во Отоманската империја, реагираше набрзо по одлуката на Вашингтон турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

„Зборовите не можат да ја менуваат или препишуваат историјата. Ние нема што да научим од кој и да е во врска со нашето минато. Политичкиот опортунизам е најголемото предавство на мирот и правдата. Ние целосно ја отфрламе оваа изјава заснована единствено на популизам“, објави Чавушогли на својот официјален акаунт на Twitter.

Признавањето на ерменскиот геноцид од страна на Бајден ќе ги поткопа односите меѓу Вашингтон и Анкара, предупреди турското Министерство за надворешни работи во својата официјална реакција во соопштение за јавноста.

„Оваа изјава на Соединетите држави, која ги искривува историските факти, никогаш нема да биде прифатена од турскиот народ ќе отвори длабока рана којашто ќе ја нанесе штета на меѓусебната доверба и нашето пријателство“, се истакнува во изјавата.

Турската дипломатија притоа ги повикува американскиот претседател Бајден „да ја исправи оваа сериозна грешка“.

„Го повикуваме американскиот претседател да ја исправи оваа сериозна грешка, којашто не служи на никаква друга цел освен да задоволи одредени политички кругови“, се додава во изјавата на Министерството за надворешни работи во Анкара.