Американскиот претседател Џо Бајден го поптиша во петокот извршниот указ за симнување на ознаката за тајнот од документите од истрагатѕа за терористичките напади врз САД од 11-ти септември 2001 година во следните шест месеци.
Повикувајќи се на „предизборно ветување“ а во заднина на хаотичното американски повлекување по дваесетгодишната војна во Авганистан за којашто директен повод беа споменатите напади, претседателот Џо Бајден „го потпиша извршниот указ со кој им наредува на министерството за правдва и на сите надлежни агенции да ја преиспитаат доверливоста на документите во врска со истрагата за нападите од 11-ти сепември“, соопшти Белета куќа.
Минситерството правда треба да го објави декласифицирањето на споменатите документи „во следните шест месеци“, се додава во соопштението.
Станува збор за чувствителна тема за семејствата на жртвите во нападите. Семејствата покранаа во меѓувреме правна битка против Саудиска Арабија и други земји, обвинувавајќи ги за соучесништво.
Во текот на таа постапка, америакнските администрации кои некоколкупати се сменија во последните две децении, се повикуваа на државна тајна за да не објават некои од документите од истрагата.
Темата е особено чувствителна додека САД се подготвуваат за комеморација на двесетгодишнината од нападите со патнички авиони врз облакодерите на Светскиот трговски центар во Њујорк и врз Пентагон во Вашингтон, а во чии рамки Бајден треба да се појави на одбележувањето во Њујорк.
На почетокот од август годинава, семејства на жртвите, преживеани од нападите и припадници на спасувачките екупи објавија писмо во коешто наведуваат дека Бајден нема да биде „добредојден“ на комеморацијата доколку „не го исполни своето ветување“.
Во писмото бараат објавување на сите документи коишто, како што сметаат, ја откриваат вмешаноста на Саудиска Арабија во нападите.