Американскиот претседател Џо Бајден од Демократската партија, во понеделникот се обиде да ја минимизира штетата со нападот со својот став кон, како што ги нарече МAGA републиканците кои се лојални на неговиот претходник на должноста Доналд Трамп, велејќи дека не мислел на сите републиканци.
Во двете изминати години по претседателските избори во ноември 2020 година, републиканските гласачи во мнозинство ги поддржуваат кандидатите кои беа на страната на Трамп, а повеќето од половината велат дека веруваат дека Трамп всушност победил на изборите.
„Не е секој републиканец MAGA републиканец, не ја прифаќа секој републиканец таа екстремна идеологија. Но екстремните MAGA републиканци во Конгресот решија да се вратат наназад, полни со гнев, насилство, омраза и поделби“, рече Бајден во текот на посетата во Милвоки во американската сојузна држава Висконсин.
Минатата седмица Бајден зборувајќи во Филаделфија од зад непробојно стакло се нафрли на мнозинството републиканци кои се доследни во поддршката на агендата Make America Great Again (MAGA) промовирана од Трамп, како „закана да американската демократија“. Републиканците му возвратија дека во кампањата за изборите во 2020 година се претставувал како обединител на нацијата, но оти сега му го врти грбот на голем дел од американската јавност кој гласал за републиканците.
Зборувајќи пред стотина синдикални лидери и активисти во Милвоки на американскиот Празник на трудот, Бајден рече дека не ги критикува сите републиканци, но остри ги осуди кои го бранат бунтот и насилното влегување во Конгресот на 6-ти јануари 2021 година на Американците кои се убедени дека ноемвриските претседателски избори од 2020-та се украдени во негова полза.
„Нема демократија во којашто можете да бидете за бунт и демократија. Секој има право да биде идиот. Демократијата е на коцка“, рече Бајден додавајќи дека и демократите и републиканците би требало да се борат против идејата на MAGA републиканците.
Вообичаено соработниците на Бајден дополнително ги појаснуваат за медиумите неговите изјави, и велат дека претседателот е „сѐ повеќе загрижен поради антидемократските трендови во Републиканската партија“.
Анкетите пред ноемвриските избори на половината од мандатот укажуваат на голема предност на републиканците, а според политичките коментатори, губењето на Конгресот не само што ќе ги загрози изгледите на Бајден за реизбор, туку и контролата над потврдувањето на резултатите од следните претседателски избори ќе им го препушти на симпатизерите на Трамп, од кои некои никогаш не ја прифатија победата на Бајден во 2020 година и кои поради тоа ветија ревидирање на системот за гласање кој демократот го прогласи за победник, и покрај мноштвото сведочења за неправилности и недозволување пристап на претставниците на републиканците до изборниот материјал.