Џо Бајден не жали поради тиа што рускиот претедател го нарече убиец објави во писмена изјава пво четвртокот вечерта портапролката на Белата куќа, Џен Псаки којашто 24 часа претходно немаше коментар на изјава на американскиот претседател, додека Владимир Путин му понуди виртуелен разговор кој би се пренесувал во живо, но Бајден избегна да одговори на тоа.
Повторно запрашана за тоа дали американскиот претседател Џо Бајден жали за тоа што неговата изјава дополнително ги влоши и онака лошите односи меѓу Вашингтон и Москва, Псаки наведува дека нејзиниот шеф не жали поради своите зборови.
Меѓутоа, порптаролката на Белата куќа истакнува дека Бајден и натаму се обидува да постигне соработка со Путин по низа прашања, како што се иранската нуклеарна програма или воошто против нуклеарното вооружување. Псаки, пак, додаде дека Бајден „нема да се стеснува да ги критикува“ потезите на рускиот челник.
Но Псаки не одговори на кој начин администрацијата во Вашингтон да ги решва овие горливи прашања, откако Москва јасно сигнализираше до кој степен се дојде билатералните односи повлекувајќи го на консултации својот амбасадор во САД.
Во интервјуто за телевизискате мрежа ABC News, емитуван во помалку невообичаен термин за Америка, во средата претпладне по средноевропско време, Бајден на прашањето дали верува дека рускиот претседател е убиец одговори потврде. Додаде и дека Путин „нема душа“, па се закани дека рускиот претседател ќе ја „плати цената“ за наводното руско мешање во претседателските избори во САД во 2020-та.
Путин во четвртокот го коментираше интервјуто на Бајден по повод излагањето по повод на присоединувањето на Крим на Руската Федерација, порачувајќи дека „својот својот го препознава“. На американскиот претседател му посака „добро задравје“ и го покани на виртиелни разговори кои би биле пренесувани во живо за да ги продочжат своите разговори кои ги спомена Бајден во интервјуто, кога наводно според негово тврдење му се заканил на Путин.
„Сакам да му предложам на претседателот Бајден да ги продолжиме нашите разговори, но под услов тоа да го направие јавно онлајн“, рече Путин,
„Не би го одложувал ова предолго. Сакам да одам во тајга овој викенд малку да се одморам, но би можеле тоа да го сториме утре или, да кажеме, во понеделник“, реле Путин.
Рускиот претседател најави дека ќе побара од министерството за надворешни работи да ги подготви тие разговори.
Бајден подоцна во четвртокот вечерта одби да одговор на новинарско прашање дали би се согласил да разговара онлајн со Путин.
По завршувањето на својот говор во Белата куќа на тема на коронавирусот, еден од новинарите го постави прашањето во врска со предлогот на рускиот претседател и ги праша Бајден дали би се согласил на разговорот. Американскиот претседател не одоговори на прашањето и ја напушти говорницата без да се сврти, придружуван од потпретседателката Камала Харис.
Путин во четвртокот истакна и дека САД се „единствената земја на светото која употреби нуклеарно оружје“, а ги спомена и маериканското ропство и третманот на власта којн домородното население.
Русија, порача Путин, ќе умее како да ги заштити своите интереси и ќе соработува со Вашингтон под услови кои се корисни за неа. „А тие ќе мора да се помират со тоа“, заклучи Путин.