Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден одобри воен трансфер во рамките на Програмата за функционирање на странски вооружени сили (Foreign Military Financing – FMF), кој инаку се користи за суверени држави, се наведува во известувањето упатено до Конгресот.
Известувањето, во коешто увид имала агенцијата Reuters, администрацијата ги информира комитетите во американскиот Конгрес за намерата на Стејт департментот да издвои до 80 милиони долари од споменатиот FMF како средства за воена поддршка на Тајван.
Тајванското министерство за одбрана изразило благодарност, но од таму за агенцијата рекле дека немаат коментар за поединостите за помошта, истакнувајќи дека САД веќе помогнале во јакнењето на борбените способности на островот според постојните политики и закони.
Републиканскиот конгресмен Мајкл Меккол, кој претседава со Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, изјавил дека му е драго што администрацијата на претседателот Џо Бајден „конечно“ му ја пружа програмата FMF на Тајван.
„Тоа оружје не само што ќе му помогне на Тајван и ќе ги заштити другите демократии во регионот, туку, исто така, ќе ја зајакне американската позиција на одвраќање и ќе ја осигури нашата национална безбедност од сѐ поагресивната Кинеска комунистичка партија“, наведува Меккол во писмената изјава.
Неименуван функционер на Стејт департментот го потврдил известувањето до Конгресот и рекол дека одлуката на Тајван да му се пружи помош од FMF не одразува никаква промена во политиката на САД.
Кина повеќепати остро ги предупредуваше САД поради приужањето воена помош на Тајван, а Министерството за одбрана во Пекинг порача дека американската војска мора да ги запре сите форми на „воено договарање“ со Тајпеј.
Соединетите држави, кои последните години и покрај договорот за „една Кина“ за стратешкиот однос кон Пекинг, сѐ почесто ја иритираат кинеската власт со посети на високи функционери и зголемување на воената соработка со Тајван. Така, во јули Вашингтон, које е најголемиот добавувач на оружје на Тајпенк, најави нов пакет воена помош за тајванската војска во износ до 345 милиони долари.