Поминав, рече американскиот претседател Џо Бајден по неговиот годишен рутински преглед во воената болница во Мериленд, и покрај загриженоста на јавноста дека не е способен за уште еден мандат за кој ќе се бори на изборите во ноември.
„Не се разликува од минатата година“, ги коментираше наодите 81-годишниот Бајден пред новинарите по враќањето во Белата куќа. „Се е одлично“, додаде тој.
Минатата година, неговиот лекар заклучи дека Бајден е здрав и „способен да ги извршува своите должности“ и дека нема симптоми на долготраен ковид-19 по борбата со вирусот во 2022 година. Тогаш му беше и остранета лезијата од градниот кош.
Претседателот Бајден и натаму е „способен за должноста“ и може да ги извршува сите должности без исклучок или прилагодување, напиша докторот во резимето на овогодинешниот преглед објавен од Белата куќа.
Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, им изјави на новинарите дека Бајден не направвил и преглед за когнитивните функции, какои и дека ниту му е потребен.
На прашањето дали американскиот народ треба да биде загрижен за нешто, Бајден се пошегува на сметка на неговата возраст. „Хм, па можеби мислат дека изгледам премногу младо“, рече Бајден.
Тоа беше последен преглед пред Бајден од Демократската партија и поранешниот републикански претседател 77-годишниот Доналд Трамп повторно да се соочат на претседателските избори на 5 ноември оваа година. Меѓусебно се критикуваат за опаѓање на менталната сила.
Во слободното време, претседателот Бајден сака да игра голф и да вози велосипед, но неговите проблеми со говорот и физичкото здравје и неговата напредна возраст ја доведуваат во прашање неговата способност да ги извршува должностите врховен командант на американската војска.
Особено овие грижи се актуелизираа претходно овој месец со најновата серија гафови на Бајден во врска со разговори од пред неколку години со француски и германски челник кои се починати многу години пред настанот кој го опишуваше.