Американскиот претседател и израелскиот премиер вчера телефонски разговарале. Белата куќа соопшти дека двајцата лидери „разговарале за можноста за тактички паузи“.
Цитирајќи американски официјален претставник, Аксиос, објави дека според предлогот за кој се разговарало меѓу САД, Израел и Катар, Хамас ќе ослободи 10-15 заложници. Тие, исто така, ќе ја искористат тридневната пауза за да го потврдат идентитетот на сите заложници и да достават список со имињата на луѓето што ги чуваат, рече функционерот.
За време на разговорот, Нетанјаху му рекол на Бајден дека не верува во намерите на Хамас и дека не верува дека тие се подготвени да се согласат на договор за заложници, изјавиле двајцата американски и израелски претставници.
Нетанјаху додаде дека Израел може да ја загуби сегашната меѓународна поддршка што ја има за операцијата доколку борбите престанат три дена, рекоа официјалните лица.
Најмалку 240 луѓе биле киднапирани за време на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, според израелските власти. Хамас ослободи две Израелки и Американка, мајка и ќерка.