Американскиот претседател Џо Бајден потиша во четвртокот два извршни укази со кои на државјаните на САД им го проширува пристапот до здравственото осигурување и според тврдењето помага во репродуктивното здравје на жените, однос финансирање на невладините организации кои го промовираат абортусот.
„Указите ќе ја поправат штетата која на американскиот здравствен систем го направи поранешниот претседател Доналд Трамо“, им рекол Бајден на новинарите.
Со потпишот на указот, администрацијата на Бајден ги повикува граѓаните преку мрежната страница healthcare.gov да се пријават во системот на здравствено осигурување од 15-ти февруари до 15-ти мај.
Системот Affordable Care Act, позната ако Обамакер, на кој инсистираа демократите а жестоко беше и своевремено критикуван од републиканците, наводно им овозможил на милиони Американци да добијат каква и да е форма на задолжително здравствено осигурување. Трамп го критикуваше дека не ја постигнал таа цел и дека станал прескап.
„За претседателот Бајден ова е особено важно. Тој верува дека секој Американец има прво да биде спокоен знаејќи дека има пристап до здравственото осигурување кое е квалитетно и кое тој може да си го дозволи“, наведува Белата куќа во соопштението.
Бајден, исто така, ќе објави претседателски Меморандум со кој на жените им се проширува пристапот до здравствена грижа за зачувување на репродуктивното здравје.
Со овој Меморандум всушност се укинува „правлото против абортусот“, ксо кое се ускратува паричната помош за меѓународните непрофитни организации кои ги промовираат и кои им нудат на жените совети за абортус.
Активистите за женски права протестираат на наводни негативни последици од тој пропис познат како „ global gag rule“, бидејќи според нив довел до пораст на опасни илегални абортуси.
Првпат овој пропис го донесе администрацијата на претседател Роналд Реган во 1980-те години, а администрацијата на Доналт Трамп повторно го воведе, откако претходно го анулираа администрациите на демократските претседатели.