Американскиот претседател Џо Бајден изјави во вторникот дека не исклучува воведување санкции против рускиот претседател Владимир Путин доколку Русија влезе во Украина.
Зборувајќи со новинарите во Ваштингтон, Бајден запрашан дали има можност за воведување индивидуални санкци за Путин доколку дојде до наводната „руска инвазија“ врз Украина, американскиот челник одовори „Да… Разгледувам таква можност“.
„Одамна јасно му кажав на претседателот Путин дека доколку влезе во Украина ќе има жестоки последици, вклучително големи еконосмки санкции, а исто така сметам дека е неопходно да го зголемиме и нашето присуство, присуството на НАТО на источното крило: Полска, Романија и натаму“, изјави Бајден.
Претходно портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во интервју за американската телевизиска мрежа CNN изјави дека најавените американски санкции против руските водечки функционери, кои би биле нонсенс во меѓународните односи, би можеле да доведат до целосен прекин на односите меѓу двете земји. „Тоа е надвор од нашето сфаќање“, рече портпаролот на Кремљ.
Зголемената нестабилноста кој ја доживуваат руските финансиски пазари последните денови „ќе биде ништо“ во споредба со последиците што ќе ги има ескалацијата на ситуацијата околу Украина, врз нејзината економија, се закани во вторникот на брифингот со новинарите портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.
„Она што сега го гледаме не е ништо во споредба со она што ќе ја снајде Русија, руската економија, доколку се оствари руската инвазија“, рече Прајс.
Истовремено со изјавите на Бајден и Прајс, во Белата куќа ги брифирале акредитираните новинари дека САД имаат намера да воведат санкции против Русија во случај на влошувањето на ситуацијата околу Украина, кои би биле потешки отколку оние во 2014 година по превратот поддржан од Западот во Киев и отцепувањето на црноморскиот полуостров Крим.
„Кога ги воведовме санциите до 2014 година, многу поблаги од оние кои сега ги разгледуваме, тоа доваде до рекорден одлив на странскиот капитал од Русија, девалвација на нејзината валута до 50 отсто, а Централната банка беше принудаена да ги искористи 25 отсто од своите резерви за да ја заштити рубљата“, рекол неименуван висок претставник на американската администрација во текот на телефонскиот брифинг за новинарите.
Според него, станува забор за моментално а не етапно воведување на санкциите. Додал дека сегашните колебања на курсот на рубљата „го одразува значењето на економските санкции коишто сме подготвени да ги воведеме“.
Меѓу можните чекори, додал соговорникот, станува збор за дополнителни санкции на извозот насочени на среднорочните стратегии на рускиот претседател Путин.
„Санкциите на извозот ќе ја лишат Русија од она што ѝ е неопходно и што едноставно не може да го замени“, рекол и оценил дека иствремено во Вашингтон проценуваат дека влијанието на овие мерки врз светските пазари „ќе биде минимално“.
„Зборуваме за лишување на Русија од производи кои се клучни за нејзините амбиции за развој на високи технологии во области како одбрана, ласерите, сензорите, транспорот, вештачката интелигенција, роботиката“, рекол претставникот на американската администрација.
Притоа рекол дека доколку следи одговор од руската страна, санкциите може да бидат заострени.
„Доколку Русија одлучи да ги користи испораките на гас како оружје, тоа ќе доведе до последици во економијата“, додал неименуваниот брифер на Белата куќа.
Истакнал дека и покрај можните разлики во врска со конкретните решенија меѓу Европската унија и САД, сојузниците сепак следат заеднички цели.
„Единствени сме во намерата да создадеме големи последици за Русија, да ѝ зададеме моментален силен удар (…) да ја направиме нејзината економија покревка и да ја запреме желбата на Путин да влијае на светската сцена“, рекол претставникот на администрацијата на Бајден.
Западните земји ѝ се закануваат на Русија со невидини санкции доколку ја оствари наводната инвазија врз соседната земја. Група дрмократи од партијата на американскиот претседател, челник на демократите во Сенатот, Роберт Менендез го поднесе предлог-законот за санкции против Русија под наслов „Закон за заштите на сеуверенитетот на Украна за 2022 година“. Со него се предвидуваат санкции против рускиот претседател, премиерот, шефовите на министерствата за надворешни работи и за одбрана начачнмикот на Генералштабот и други воени финкционери. Дополнителни санкци би можелео да бидат донесени и за гасоводот Северен тек 2. Идентичен предлог-закон беше поднесен и во долниот Претставнички дом на американскиот Конгрес.