Бајден: Путин е „крвожеден диктатор“

Американскиот претседател Џо Бајден го нараче рускиот претседател Владимир Путин „крвожеден диктатор“ во низата изјави без преседан за шеф на држава.

„Републиката е адено против крвожедниот диктатор, чистиот насилник кој води неморална војна против укаинскиот народ. И Путин плаќа голам цена за својата агресија“, рече Бајден во Вашингтон во текот на одбележувањето на Денот на свети Патрик

Бајден минатата година Путин го нарече „убиец“ за што се подоцна извини во телефонски разговор, а во средата за рускиот претседател рече дека е „воен злосторник“. Подоцна портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, рече дека американскиот претседател одговарајќи на новинарско прашање „зборувал од срцето“.

Зборовите на американскиот претседател претставуваат „неприфатлива и непростлива“ реторика, изјави во средата вечерта портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Сметаме дека е неприфатлива и непростлива ваквата реторика на еден шеф на држава од чиишто бомби загинаа стотици илјади луѓе ширум светот“, изјави Песков.

Бајден во четвортокот зборуваше за „пресвртната точка во историјата“ во заднината на руската офанзива во Украина.

„Мислам дека сме во вистинска борба меѓу автократијата и демократијата“, истакна американскиот претседател додавајќи дека станува збор за прашањето дали демократиите можат да се одржат или не,