Бајден следната седмица ќе добие информации од безбедносните експерти

Демократскиот кандидат Џо Бајден кој е прогласен за победник на американските претседателски избори од 3-ти ноември, следната седмица ќе биде известен за сите релевантни прашања, соопшти во петокот членкт на неговиот транзициски тим Џен Псаки.

Псаки истакнала дека „празниот од“ кој настана поради доцнењето со пренесувањето на власта „може да претставува безбедносен ризик за Америка“, пренесува Reuters.

Тимот на Бајден се обидува да организира преземање на власта, но сѐ уште нема официјална потврда од за неговата победа од страна на Управата за општи работи (GSA), која вообичаено го прогласува победникот, имајќи ги предвид мноштвото тужби кои ги поднесе тимот на актуелниот претседател Доналд Трамп кој упорно тврди дека изборите биле наместени и одбива сѐ уште да го признае изборниот пораз.

„Минаат шест дена (откако водечките медиуми го прогласија Бајден за победник –з.р.), но како што минува секој ден, стануваме позагрижени, бидејќи нашата безбедносна мрежа и претседателот немаат пристап до податоците за нашиот ангажман ширум светот“, додала Псаки.

Таа навела дека има извештај од комисијата за терористичкиот напад од 11-ти септември 2001 година, во кој било наведено дека токму забавениот пренос на власта во 2000 година, кога неколкупати се броеја гласовите рачно на Флорида по што победи републиканецот Џорџ В. Буш помладиот против демократот Ал Гор, била наводно една од причините што функционерите не биле добро подготвени за најголемиот во историјата терористички напад во САД.