На почетокот на осумдневната турнеја низ Европа, претседателот Џозеф Бајден изјави дека САД не бараат конфликт со Русија, силно ќе одговорат доколку руската влада преземе, како што рече, штетни активности.
Европската турнеја на Бајден ќе заврши во Женева на 16 јуни, со клучната средба со рускиот претседател Владимир Путин. Прва станица на патувањето е Велика Британија, каде што веќе пристигна, јавија агенциите.
Бајден рече дека САД ќе ја потврдат својата посветеност на трансатлантскиот сојуз, но сакаат стабилни и предвидливи односи со Русија.
– Не бараме конфликт со Русија. Ние сакаме стабилна и предвидлива врска, но јас бев јасен: САД ќе одговорат на силен и значаен начин ако руската влада се вклучи во штетни активности – рече тој, обраќајќи им се на американските трупи во воената база Милденхал.
Бајден ќе го посети Корнвол на југозападот на Велика Британија, каде што се одржува самитот на Г7.