
Претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден, на предизборен митинг во Пенсилванија синоќа, го искритикува претседателот Доналд Трамп за економските политики кои ги спроведува тој и неговата администрација.
Пенсилванија се смета за една од клучните „фронтови”, партиски неопределена и од која зависи исходот од гласањето за избор на американски претседател.
Според Бајден, Трамп е „фокусиран само” каква е состојбата на берзите, во време кога 50 милиони работници изгубија работа од почетокот на пандемијата во март.
Во испитувањата на јавното мнение на национално ниво, рејтингот на Бајден, поранешeн потпретседател, е подобар од оној на Трамп.
Демократскиот кандидат истакна дека планира сеопафтна економска обнова во висина од 300 милијарди долари за истражувања и развој на проекти за обновлива енергија, телекомуникации, вештачка интелигеција и други области.