Бајден: Трамп се грижи само за берзите додека економијата „тоне“

Претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден, на предизборен митинг во Пенсилванија синоќа, го искритикува претседателот Доналд Трамп за економските политики кои ги спроведува тој и неговата администрација.

Пенсилванија се смета за една од клучните „фронтови”, партиски неопределена и од која зависи исходот од гласањето за избор на американски претседател.

Според Бајден, Трамп е „фокусиран само” каква е состојбата на берзите, во време кога 50 милиони работници изгубија работа од почетокот на пандемијата во март.

Во испитувањата на јавното мнение на национално ниво, рејтингот на Бајден, поранешeн потпретседател, е подобар од оној на Трамп.

Демократскиот кандидат истакна дека планира сеопафтна економска обнова во висина од 300 милијарди долари за истражувања и развој на проекти за обновлива енергија, телекомуникации, вештачка интелигеција и други области.