Бајден во Полска во пресрет на годишнината од руската инвазија на Украина

Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот ќе ја посети Полска за да ја одбележи првата годишнина од руската инвазија во соседна Украина, најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна, додека се очекува пролетт и офанзиви од двете завојувани страни.

Голем број животи се изгубени, а милиони се раселени во војната што започна на 24-ти февруари минатата година, при што многу градови беа срамнети со земја во јужна и источна Украина. Русите последните месеци остварува помаали но континуирани напредувањеа на фронт во изминатите неколку месеци, а двете страни се подготвуваат за офанзива што се очекува на пролет, со руските сили засилени со илјадници нови регрути и Украина со западните борбени тенкови кои веројатно најверојатно ќе пристигна во април, и тоа само четвртина од ветените 320 тенкови.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата тврдеше дека Русија претрпела „исклучително значителни загуби“ во близина на градот Угледар во источната провинција Донбас, којашто е речиси за кој Москва тврди дека го анектираше во септември.

„Ситуацијата е многу комплицирана. И ние се бориме. Ги победуваме окупаторите и нанесуваме исклучително значителни загуби на Русија“, рече Зеленски во својата ноќна видео порака без да се осврне на битката за Бахмут.

Украинските власти апелираа до членовите на американскиот Конгрес да ја притиснат администрацијата на Бајден да испрати борбени авиони „F-16“ за Киев, велејќи дека тие ќе ја подобрат способноста на Украина да гаѓа руски ракетни единици со ракети од американско производство, изјавија американски конгресмени.

Украинските власти, вклучително и министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба, лобираа на маргините на Минхенската безбедносна конференција на крајот на седмицата во разговори со демократите и републиканците од Сенатот и Претставничкиот дом. Бајден рече „не“ минатиот месец кога беше запрашан дали ќе го одобри барањето на Украина за авионите „F-16, кои се произведени од „Lockheed Martin“.

Говорејќи во неделата, претставниците на неговата администрација рекоа дека САД треба да се фокусираат на испраќање оружје што може веднаш да се користи на бојното поле наместо борбени авиони, за кои е потребна опсежна обука, но не ја исклучуваат можноста за испраќање „F-16“.

„Дискусиите ќе продолжат во следните неколку недели и месеци“, изјави за CNN, американската амбасадорка во Обединетите нации, Линдзи Томас-Гринфилд.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки во неделата изјави дека за време на неговата посета меѓу 20-ти и 22-ри февруари со Бајден ќе разговара за можното зголемување на бројот на американски војници во Полска, кои исто така ќе останат таму подолг временски период.

„Ние сме во процес на преговори со администрацијата на претседателот Бајден за да го направиме нивното (трупите) присуство потрајно и да го зголемиме“, изјави Моравјецки за CBS News.

Бајден минатиот јуни рече дека САД ќе основаат нова постојана воена база во Полска како одговор на „руските закани“. Бајден ќе се сретне и со полскиот претседател Анджеј Дуда, со кого ќе разговара за Украина и со други лидери од регионот, но тој не планира да оди во таа земја, соопшти Белата куќа.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави за време на викендот дека Русија треба да биде „победена, но не и скршена“ и дека конфликтот во Украина ќе мора да се стави крај преку преговори, иако во моментов нема големи изгледи за нивно одржување.

Коментирајќи ги овие изјави, Зеленски во интервју објавено во неделата рече дека Макрон губи време размислувајќи за каков и да е дијалог со Русија. Двајцата претседатели разговараа телефонски во неделата.

„Тоа ќе биде бескорисен дијалог. Всушност, Макрон си го губи времето. Заклучив дека нема да можеме да ја промениме позицијата на Русија“, коментира Зеленски за италијанскиот весник Corriere della Sera, додавајќи дека Русија треба да одлучи. дали „да се соработува со заедницата на народи врз основа на меѓусебно почитување“.