Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот рече дека Соединетите Држави ќе одговорат воено доколку Кина насилно интервенира во Тајван, велејќи им на новинарите во Токио дека тоа е обврска што Америка ја презела.
– Видете, еве ја ситуацијата, се согласуваме со политиката на една Една Кина. Ние ги потпишавме и сите придружни договори направени оттаму, но идејата дека Тајван може да биде преземен со сила, едноставно не е соодветна, изјави Бајден на новинарите за време на заедничката прес-конференција со јапонскиот премиер Фуми Кишидо во Токио, пренесува Си-Ен-Ен.
Бајден имаше слични изјави и во минатото, само за Белата куќа да каже дека долгорочната американска политика не се променила кон островот.
Соединетите Држави му обезбедуваат на Тајван одбранбено оружје, но намерно останаа двосмислени околу тоа дали да интервенираат воена во случај на кинески напад.
Според „политиката на една Кина“, САД признаваат, но не поддржуваат дека Тајван е дел од Кина.
Во изјавата по коментарите на Бајден во понеделникот, претставникот на Белата куќа рече дека официјалната позиција на Соединетите Држави останува непроменета.
– Како што рече претседателот, нашата политика не е променета. Претседателот ја повтори нашата политика на Една Кина и нашата посветеност за мир и стабилност преку Тајванското Море. Тој, исто така, ја повтори нашата посветеност според Законот за односи со Тајван да му обезбедиме на Тајван воена одбрана, рече официјалниот претставник.
„Политиката на Една Кина“ е дипломатско признавање на позицијата на Кина дека постои само една кинеска влада.
фото:Курир.рс