Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден во вторник ќе ги објави имињата на првите кандидати за членови на Кабинетот.
-Ако сакате да знаете за кои агенции станува збор и кој ќе биде надлежен за нив, треба да почекате новоизбраниот претседател да го објави тоа во вторник – најави идниот шеф на Кабинетот на Белата куќа, Рон Клајн, во интервју за телевизијата Еј-Би-Си.
Бајден вети дека неговата администрација ќе биде одраз на различностите на земјата. Тој исто така минатата недела соошти дека веќе избрал секретар за финансии.
-Ние ја донесовме таа одлука. Ќе видите дека ова е личност која ќе биде прифатена од сите елементи на Демократската партија – од прогресивни до умерени коалиции – изјави Бајден.
Во потесниот избор се наоѓаат поранешната шефица на Федералните резерви, Џенет Јелен, сегашниот гувернер на Федералните резерви, Лаел Брајнард и Рафаел Бостик, претседател на Федералните резерви на Атланта.