Бајиќ избра седум млади кошаркари кои ќе им се приклучат на сениорите

Седум млади кошаркари ќе им се придружат на сениорските репрезентативци на денешниот прв тренинг на македонската репрезентација.

Селекторот Драган Бајиќ одлучи со сениорите подготовките да ги продолжат: Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ, Лејсон Зекири, Валмир Какруки, Андреј Настовски, Оливер Двојаковски и Теодор Симиќ.

Првиот тренинг на А-репрезентацијата е закажан за денес (10 часот) во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.