Талат Џафери продолжува со опасните провокации спрема македонскиот народ и македонската држава со неуставното објавување на законот за јазици и законот за ратификација на Договорот за промена на името без потпишување на указот од претседателот Иванов.
Освен нелегално избран за собраниски претседател, Талат Џафери покажува и правна неписменост оти без потпис на указот од Иванов нема закони и Уставниот суд ќе мора тоа да го констатира.
Правната неписменост на Џафери е негова лична работа, меѓутоа, за Единствена Македонија самоволието на Џафери за туркање на јазичната федерализација како преодна етапа до територијалната федерализација со крајна цел создавањето на Голема Албанија во која влегуваат и делови од Република Македонија, е крајно вознемирувачко и опасно.
Единствена Македонија во име на македонскиот народ го предупредува Талат Џафери да не се расфрла со провокации оти Македонците се при крај со своето трпение од секојдневните провоцирачки и веќе здодевни барања на албанското малцинство за нови и нови права, стои во соопштението на Единствена Македонија