
Бадник е најголемиот и најубав христијански празник. Денот пред раѓањето на Исус Христос. Знаеме дека се одбележува со богата софра на која лебот со паричка е задолжителен обичај.
Бадников леб без квасец:
500 гр. цело -зрно брашно
2 лажички сода
половина лимон
250 мл кисела вода
Сол
Во сад промешајте го брашното со содата и солта. Убаво мешајте за да се распореди содата. Додадете го сокот од пола лимон и киселата вода. Доколку има потреба и ако тестото се лепи додајте уште некоја лажица брашно. И секако не заборавајте да ставите париче. Покријте со полувлажна крпа и оставете да отстои од 2 до 4 часа. Потоа одвојте малку тесто за декорација и обликувајте топче но гледајте да е посплескано. Топчето украсете го по желба и печете во претходно загреана рерна на 180 степени.
Откако ќе се испече замотајте го во сува крпа и оставете го да се олади. Бидејќи е без квасец не очекувајте внатрешниот дел да биде воздушест.