Во последниот натпревар од саботната програма од 32-то коло на германската Бундеслига, фудбалерите на Баер Леверкузен беа минимално поразени на домашен терен од Штутгарт.
Баер во 17 минута не успеа да реализира најстрога казна, па беа казнети со голот на гостинскиот играч Кристијан Гентнер во 67 минута.
Минхенски Баерн, кој веќе ја потврди домашната титула, и покрај тоа што ги одмораше најдобрите играчи за реванш дуелот во полуфиналето во Лигата на шампионите кај мадридски Реал, сепак лесно со 4:1 го совлада Ајнтрахт од Франкфурт. Стрелци за баварците беа Никлас Дорш во 43, Сандро Вагнер во 76, Рафиња во 87 и Биклас Зиле во 90 минута.
Келн на гости кај Фрајбург загуби со 2:3, и испадна во втората лига, додека претпоследниот Хамбург ја продолжува низата позитивни резултати во последните девет кола и избори важна победа во борбата за опстанок, совладувајќи го Волфсбург со 3:1:
Второпласираниот Шалке 04 дома со Борусија Менхенгладбах одигра 1:1, но важно е да се одбележи дека домашните од 12 минута играа со играч помалку кога беше исклучен Набил Бенталеб.
Во петокот Хофенхајм со 3:1 го победи Хановер, со што направи голем чекор во борбата за пласман во Лигата на шампионите.
Во недела се среќаваат Мајнц – Лајпциг и Вердер – Борусија Дортмунд.