Баер убедлив на гостувањето кај Вердер

Каи Хаверц, Баер Леверкузен

Во последниот натпревар до 26-то коло на германската Бундеслига, во понеделникот фудбалерите на Баер Леверкузен како гости со 4:1 го совладаа Вердер.

Пред празните трибини на стадионот „Везер“ во Бремен двоен стрелец за „Аптекарите“ беш Каи Хаверц кој двата свои погодока, во 28 и 33 минута ги постигна со глава. Гебре Селасие во 30 минута го постигна израмнувачкиот гол за домашните, но тоа беше единствениот добар момент на Вердер на мечот. Во второто полувреме Баер ја потврди победата со головите на Мичел Вејзер во 61 и Керем Демирбеј во 78 минута.

Баер со оваа победа со 50 бодови се задржа на петтото место на табелата, но му се доближи на четвртопласираниот РБ Лајпциг на себо бод заостанувње. Водечкиот Баерн има 58 бодови, четири повече од вторпласираната Борусија Дортмунд, а третаа Борусија Менхенгладбах има 52 бода.

Вердер со 18 бодови е на претпоследното место со меч помалку и бод повечер од последниот Падерборн, а девет бодови помалку од местото кое обезбедува опстанок во Буднеслигата.

Веќе за четири дена, во петок 22-ри мај, со натпреварот меѓу Херта и Унион Берлин ќе започне 27-то коло, второто откако германското првенство продолжува по двомесечната пауза поради пандемијата на коронавирусот.