Баерн ги предупредува своите навивачи кои ќе патуваат во Србија

Сите навивачи на Баерн Минхен кои планираат да отпатуваат во Белград за натпреварот со Црвена ѕвезда од фудбалската Лига на шампиони, ќе добијат предупредување дека треба да бидат свесни за ризикот.

Гостувањето во Белград на 26 ноември нема да биде безопасно за германските фанови, и ќе добијат инструкции како да се однесуваат во одредени ситуации. Во мејлот кој ќе им биде испратен на сите 2.000 фанови кои платиле билети од 52 евра, се спомнуваат и можни проблеми околу влезот во Србија.

Како негативност, се наведуваат и условите на трибините. Од Баерн информираат дека делот за гостински фанови, „не кореспондира со стандардите“ на просечни стадиони во Европа каде се играат натпревари од ЛШ. По натпреварот навивачите на Баерн ќе останат на стадион уште еден час.