Баерн ја понижи Борусија Дортмунд

Во најголемото дерби на германскиот фудбал минхенски Баерн во саботата на својата „Алијанц Арена“ ја демолираше Борусија Дортминд со 6:0 во рамките на 28-то коло од германското првенство.

Троен стрелец за домашните беше Роберт Левандоски, во 5, 44 и 99 минута, а по еден гол постигнаа Хамез Родригес во 12, Томас Милер во 23 и Франк Рибери во 45 минута.

Играчите на Борусија делуваат збунето во одбраната и немоќно во нападот, и по само 14 минути од мечот Баерн имаше водство од 2:0. До полувремето домашните постигнаа уште три гола и навестија вистински потоп, но за среќа на гостите задоволниот Баерн во вториот дел постигна само уште еден погодок.

Во саботната програма во Бундеслигата беше забележана уште една „шестка“, откако Хофенхајм со идентични 6:0 го совлада Келн. По два гола постигнаа Серж Гнабри, во 22 и 47, и Марк Ут во 56 и 65 минута, а под еден додадоа Лукас Руп во 61 и Стивен Цубер во 73 минута.

Второпласираниот Шалке го победи Фрајбург со 2:0. Стрелци беа Даниел Калигиури во 63 минута од пенал и Гвидо Бургшталер во 73 минута.

Баер Леверкузен одигра без голови со Аугсбург, а Лајпциг на гости го победи Хановер со 3:2. Хамбургер ХСВ, кој се бори за опстанок, на гости кај Штутгарт одигра 1:1 па остана на последното место и е блиску првпат во историјата да ја напушти Бундеслигата.