Кога актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М) важи за апсолутен фаворит и на “Олд Трафорд”, тогаш на сите им е јасно колкави се шансите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед да забележи позитивен резултат во првиот 1/4 финален натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.
Улогата на апсолутен фаворит, Баерн (М) ја стекна благодарение на импресивната форма која е заштитен знак на баварскиот гигант во текот на актуелната сезона, ретко која дефанзивна линија може да излези како победник во сите дуели против Франк Рибери, Марио Манџукиќ, Ариен Робен, Марио Геце или Томас Милер.
Шансите на Манчестер Јунајтед за успев и во 1/4 финалната рунда додатно беа намалени после тешката повреда на холандскиот интернационалец, Робин ван Перси, а право за настап нема и најскапата аквизиција во клупската историја, шпанскиот интернационалец, Хуан Мата.
„Манчестер Јунајтед со право е во групата на најголеми клубови во целиот свет. Не е важна моменталната ситуација, не е на која позиција е Манчестер во домашниот шампионат, не е важно како играат избраниците на Дејвид Мојес во текот на актуелната сезона. Јунајтед има фантастични фудбалери. Можно е овие два натпревари да бидат најдобрите кои Јунајтед ќе ги одигра во актуелната сезона. Сите опции се во игра, дури и таа да бидеме елиминирани. Чест е да се игра на “Олд Трафорд”, изјави предводникот на Баерн (М), Пеп Гвардиола.
Можни состави:
МАНЧЕСТЕР Ј: Де Геа, Рафаел, Џонс, Фердинанд, Бутнер, Ггигс, Карик, Велбек, Валенсија, Фелаини, Руни.
БАЕРН М. Ноер, Мартинез, Рафинња, Боатенг, Алаба, Рибери, Робен, Лам, Шваинштајгер, Крос, Милер.