
Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл треба да се откажат од користењето на титулите војвода и војвотка од Сасекс, доколку внукот на британската кралица Елизабета Втора е толку разочаран од своето кралско семејство, сметаат консултантите на британскиот трон, пишува во понеделникот The Times.
Овие изјави доаѓаат по новите критики на Хари на адреса на кралското семејство и неговиот татко, престолонаследникот на британскиот трон принцот од Велс, Чарлс. Имено, како што пишува весникот, Хари несреќното дество и растење го припишувал на начинот на кој неговиот татко бил воспитуван во кралското семејство.
„Тој (принцот Чарлс) се однесуваше кон мене како што се однесувале кон него… Во секој случај, многу болка и страдање се пренесуваат генетски. Зарем животот не се состои во тоа да се наруши кругот? Тука нема никава вина“, ја пренесува весникот изјавата на Хари за подкастот Armchair Expert со Дакс Шепард.
Хари притоа истакнал дека има намера да го наруши „овој циклус“ за да не го пренесе натаму она што нему му се случило.
„Војводата од Сасекс потроши многу време нагласувајќи дека не се разликува од другите и ја нападна институцијата за којашто рече дека му нанела толку многу болка. Произлегува дека, доколку оваа институција толку не ви се допаѓа, не треба ниту да ги имате титулите“, изјавил соговорникот на весникот од Бакингемскиот дворец.
Сепак, ниту дворецот, ниту кралицата, ниту никој кој има влијание во кралското семејство не сака да врши притосок врз двојката за да ги попречи војводата и војвотката од Сасекс да ги користат титулите, истакнува The Times.
„Се правевме дека не се познаваме, си испраќавме пораки. Луѓето ме гледаа, ми даваа чудни погледи, доаѓаа да ме поздрават. Имав капа на главата, гледав во подот и се обидував да бидам незабележителен. Неверојатно е колку гума за џвакање има на подот, тотален хаос“, вели меѓу другото Хари во споменатото интервју.
Призна дека со години чувствувал дека не се вклопува во кралското семејство и често се чувствува беспомошно.
„Тоа е работа, нели? Облечи насмевка и продолжи. Имав околу 20 години кога помислив дека не ја сакам таа работа, дека не сакам да бидам тука. Не сакам да го правам тоа. Погледнете што и направи тоа на мајка ми. Како некогаш ќе се сместам и ќе имам семејство, ако знам дека тоа ќе се повтори“, рече Хари и додаде дека тогаш имал психичка криза затоа што не ја преболе смртта на својата сакана мајка.
Поради Меган, тој побара помош од психотерапевт затоа што беше фрустриран од постојаното мешање на медиумите во неговиот живот. Тогаш се чувствуваше подобро и сфати дека мора да промени нешто затоа што нема друг излез.
Го спомна и татко си, принцот Чарлс (72) и објасни дека му било многу тешко поради родителските методи на неговите баби и дедовци, принцот Филип и кралицата Елизабета Втора (95). Рече дека неговиот татко се однесувал кон него како што го третирале неговите родители, па затоа тој ја нарекол „генетска болка“.
„Не треба да обвинуваме никого или да покажуваме прст кон никого, но кога станува збор за родителството, ако сум доживеал некаква форма на болка или страдав од болката што ја претрпеа татко ми или мајка ми, ќе се погрижам да го прекинам тој циклус така дека не, јас би го пренел“, рече Хариј.
„Никогаш не знаев за тоа, и одеднаш почнав да составувам парчиња од сложувалката: ова е местото каде што тој отиде на училиште, тоа се случи, знам за неговиот живот, исто така знам дека тоа е поврзано со неговите родители, така, тоа значи дека тој се однесуваше кон мене како што се однесуваа кон него, па како можам да го променам тоа кон моите деца“, рече принцот Хари.
„Еве, јас го преселив целото семејство во САД, тоа не беше план, но понекогаш треба да донесете одлуки и да го ставите семејството и вашето ментално здравје на прво место.“, додаде.
Принцот Хари и поранешната американска актерка Меган Маркл пред повеќе од една година објавија дека се откажуваат од припадноста на британското кралско семејство со намера да си обезбедат финансиска независност. Нивниот нов статус стапи на сила на 31-ви март 2020 година и оттогаш двојката официјално не ја претставува кралицата Елизабета Втора на своите јавни настапи, не извршува други церемонијални обврски и не може да ги користи титулите „нивно височество“.
Двојката купи куќа на американскиот пацифички брег во калифорниска Санта Барбара, каде ќе го воспитуваат нивниот син Арчи а во февруари годинава објави дека го чекаат своето второ дете. Откако престанаа да ги примаат парите кои ги добиваа како членови на кралското семество за своите јавни активности, сопружниците склучија договори со шведскиот стриминг аудио-сервис Spotify и учествуваат во креирањето на реалното шоу за продукцијата Netflix. Вкупната сума за двата договора се проценува на 190 милиони долари.
Во британската јавност сѐ уште се нагаѓа за вистинските причини за одлуката на Хари и Меган. Коментаторите за случувањата на британскиот дворец го припишуваат овој потег на заморот на двојката од постојаниото внимание на таблоидите, кои според принцот Хари воделе вистинска кампања на малтретирање и ширење лаги за неговата сопруга. Други, пак, укажуваат на разногласија во кралското семејство и јасни несогласување меѓу прицнот Хари и неговиот брат принцот Вилијам.