Бакингем „многу загрижен“ поради тврдењето дека Хари и Меган го малтретирале персоналот

Бакингескиот дворец е „многу загрижен“ поради написот во весникот Times во кој се тврди дека принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ги злоставувале слугите и персоналот.

„Нашиот тим за човечки ресурси ќе ги истражи околностите опишани во овој напис. Членовите на персоналот кои тогаш биле вработени, вклучително и оние кои го напуштиле работното место, ќе бидат повикани за да се испита дали може да се извлечат некои поуки“, се наведува во соопштението за јавноста на Бакингемскиот дворец.

Во соопштението се додава дека и нема да биде дозволено злоставување на работното место.

Самата Меган Маркл, војвотката од Сасекс, изјави дека е „тажна“ поради написот на британскиот весник дека против неа во октомври 2018 година била поднесена жалба. Во текстот во Times се наведува дека таа наводно избракала двајца лични помошници од дворецот и ја загрозила довребата на третиот. Нејзиниот портпарол изјавил дека овие написи се „последните напади врз нејзината личност“.

Оваа нова бура околу двојката доаѓа по најавата дека во недела, на 7-ми март во Северна Америка ќе биде емитувано интервјуто коешто со принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркел го направила познатата американска телевизиска водителка Опра Винфри. Тоа ќе биде првото интервју кое го даваат за медиумите војводата и војвотката од Сасекс откако минатата година се доселија во американската сојузна држава Калифорнија.