Милвоки Бакс ноќта кон вторникот успеаја да ги добијат Јута Џез со 122:118 и да останат водечка екипа во Источната конференција на НБА лигата.
Јута беше во игра за победата до самата завршница, а при водство на Бакс од 120:118 Донован Мичел се обиде да положи на пет секунди до крајот, но го блокираше Брук Лопез. Потоа Пет Конахтон погоди две слободни фрлања за конечните 122:118.
Ова беше осмата полседователна победа на Милвоки кој со соодносот меѓу победи и порази 14-3 е водечки на Истокот, додека Јута со 11-6 се шести на Западот,
Кај домашните одлилен беше минатогодишниот МВП на лигата Јанис Антетокумпо со 50 коша и 14 скоови, а Велси Метјус додаде 19 поени. Кај поразените Бојан Богдановиќ постигна 24 коша.
Порталнд Трејл Блејзерс ја прекинаа низата од четири порази со убедливата 117:94 госитнска победа кај Чикаго Булс. Прв стрелец кај Блејзерс беше Кармело Ентони со 25 коша, со што го прескокна Алекс Инглишс на 18-то место на листата на најдобрите стрелци во НБА лигата на сите времиња. Кај слабите Булс најефикасен бепе Зак Лавин со 18 поени.
Лос Анџелес Лејкерс, исто така, ја остварија осмата победа во низа со која го сочуваа статусот на екипа со најдобар сооднос во целата лига, совалдувајќи ги на гости Сан Антонио Спарс со 114:104. Леброн Џејмс имаше уште една врвна изведба со 33 поени и 14 асситенции, Ентони Дејвис додаде 19 поени и 12 скокови, додека на Спарс не им помогнаа 30-те коша на Ламаркус Олдриџ и 24-те поени на Демар Дерозен.
Актуелните шампиони Торонто Рапторс во дербито на ?Истокот со пресврт во завршницата со 101:96 ги совладаа Филаделфија 76ерс. Гостите од Филаделфија на четири минути пред крајот поведоа со 96:91. Но потоа не постигнаа ниту еден поен. До една минута пред крајот Сиксерс ја имаа предноста од 96:94, но тогаш Паскал Сиакам постигна кошт под прекршок од Џоел Ембид, и со погоденото слободно фрлање донесе предност за Рапторс. Сискерс во последнат аминута пропушија неколку напади, па прваците успеаја да остварат нов успех.
Сиакам со 35 и Фред Ванвлет со 24 коша ги водеа Рапторс, додека Џош Ричардсон со 25 и Тобијас Харис со 18 поени беа најдобри ја Сиксерс, кај кои Ембид остана без поени иако имаше 13 скокови а промаши 11 шута од игра.
Голден Стејт Вориорс, кои играа во финалето изминатие пет сезони по ред, и натаму со тимот со најслабиот сооднос во лигата сезонава. Тие повторно ја испуштија победата, овојпат на домашен терен против Оклахома Сити Тандерс. На три минути пред крајот Вориорс имаа водство од 97:87, но Тандерс со серија од 13:0 стасаа до конечните 100:97.
Вориорс сега имаат сооднос 3-15, а Тендерс 6-10.
Денис Шредер со 22 и Крис Пол со 20 поени беа најдобри кај Тандерс, а Глен Робинс со 25 и Ку Боумен со 22 поени кај Вориорс.
РЕЗУЛТАТИ
Милвоки – Јута 122:118
Чикаго – Портланд 94:117
Кливленд – Бруклин 106:108
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 104:114
Голден Стејт – Оклахома Сити 97:100
Атланта – Минесота 113:125
Бостон – Сакраменто 103:102
Мајами – Шарлот 117:100
Торонто – Филаделфија 101:96
Детроит – Орландо 103:88
Индијана – Мемфис 126:114
ТАБЕЛИ
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
АТЛАНТИСКА ДИВИЗИЈА
1. Бостон 12 4 .750 –
2. Торонто 12 4 .750 –
3. Филаделфија 11 6 .647 1 1/2
4. Бруклин 9 8 .529 3 1/2
5. Newујорк 4 13 .235 8 1/2
ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
1. Милвоки 14 3 .824 –
2. Индијана 10 6 .625 3 1/2
3. Детроит 6 11 .353 8
4. Чикаго 6 12 .333 8 1/2
5. Кливленд 5 12 .294 9
ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
1. Мајами 12 4 .750 –
2. Орландо 6 10 .375 6
3. Вашингтон 5 9 .357 6
4. Шарлот 6 12 .333 7
5. Атланта 4 13 .235 8 1/2
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Денвер 12 3 .800 –
2. Јута 11 6 .647 2
3. Минесота 9 8 .529 4
4. Оклахома Сити 6 10 .375 6 1/2
5. Портланд 6 12 .333 7 1/2
ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. ЛА Лејкерс 15 2 .882 –
2. ЛА Клиперс 12 5 .706 3
3. Феникс 8 8 .500 6 1/2
4. Сакраменто 7 9 .438 7 1/2
5. Голден стејт 3 15 .167 12 1/2
ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
1. Далас 11 5 .688 –
2. Хјустон 11 6 .647 0 1/2
3. Њу Орлеанс 6 11 .353 5 1/2
4. Сан Антонио 6 12 .333 6
5. Мемфис 5 11 .313 6