Бактерија затру 1.000 гостиварци

Здравствените власти се’ уште ја утврдуваат причина за масовното труење на неколку стотици гостиварци, кои побарале здравствена помош во последниве три дена.

Околу 1.000 луѓе во последните три дена побарале помош во гостивaрска болница, со стомачни болки, дијареја и повраќање.

Од Државниот санитрарен и здравствен инспекторат сметаат дека не станува збор за труење со храна, а не ја исклучуваат можноста за труење од водата за пиење. Се прават анализи и на водата од градскиот водовод.

Затруените лица се жалеле на стомачни болки, пролив, повраќање и малаксаност. Според лекарите, првичните анализи укажуваат на труење од бактерија.