Балетот „Жизел“ в сабота во МОБ

Романтично- фантастичниот балет во два чина „Жизел“ во сабота со почетокот од 20 часот ќе биде изведен во Македонската опера и балет (МОБ).

Овој балет е праизведен е во Париз, во 1841 година. Тој е еден од ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување.

Во „Жизел“ ќе настапи нашата примабалерина Александра Мијалкова, во насловната улога, Алберт ќе го толкува Васил Чичијашвили од Грузија,  во улогата на Хиларионе Драган Кочовски, Мирта ќе ја толкува  Марта Петкова, примабалерина од Софија), во улогата на Па де де ќе биде Ангела Велевска и Јан Кисилев, Оружоносец ќе го толкува Драган Пандиловски .

ВО претставата настапува и комплетниот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ, кореограф е Леонид Лавровски од Русија, додека диригент е Бисера Чадловска.