![mob](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/mob.jpg?resize=486%2C324&ssl=1)
Романтично- фантастичниот балет во два чина „Жизел“, ќе се изведе в среда во Македонската опера и балет.
Праизведен е во Париз, во 1841 година. Тој е еден од ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување. Во „Жизел“ – на петти овој месец ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска, во насловната улога,Алберт: Бобан Ковачевски,Хиларион:Игор Веланоски, Мирта: Марта Петкова (Примабалерина – Софија),Па де де:Ангела Велевскаи Јан Кисилев, Оружоносец:Драган Пандиловски.
Настапуваат: Комплетниот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ, кореограф е Леонид Лавровски (Русија), додека диригент е Бисера Чадловска.