![germanski ovcar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/germanski-ovcar.jpg?resize=671%2C459&ssl=1)
Македонскиот клуб за германски овчари (MKGO) и оваа година традиционално го организира Балканското првенство за Германски овчари “BALKANICA 2023”.
Настанот ќе се одржи денес, 19-ти март (недела) на Стадион Волково, со почеток во 9 часот.
-Особена чест и задоволство ни претставува оваа година што истото ќе се одржи на фудбалското игралиште Волково, на територија на нашата општина. Вистински празник за љубителите на оваа раса и кинологијата. Отворена покана од организаторот до сите кои сакаат да ја проследат манифестацијата со почеток од 9 часот, се наведува во официјалната најава која ја објави градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.