На неколку часа до официјалниот старт на првиот 1/8 финален натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, дуелот помеѓу екипите на Милан и Атлетико (М), најголемата ѕвезда во дресот на калчо гигантот, Марио Балотели откри дека сега е вистинскиот момент да стави крај на неговиот голгетерски пост кога за против има тим кој се натпреварува во шпанската Примера дивизион.
“Јас не чуствувам никаков притисок кога сум на зелениот терен, чуствувам само кога сум надвор од стадионот. Точно дека има разлика помеѓу европскиот и италијанскиот фудбал. Има разлика во атмосферата и во реакцијата на најверните фанови. Време е да победиме, време е да елиминираме еден шпански клуб и време е да ставам крај на голгетерскиот пост. Јас сум добар фудбалер и свесен сум дека сум од голема важност за Милан. Се што сакам да направам е да му помогнам на мојот тим”, изјави Балотели.