Балтичките земји со измешани чувства за преместувањето на американските трупи од Германија во Полска

Балтичките држави, поранешни советски република германски сојузнички во Вторара светска војна, со измешани чувства гладаа на планот на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече трупите на САД од Германија и да ги прекомандува во Полска.

По изјавата од Литванија претходно во четвртокот, претседателите на Латвија (Летонија) и на Естонија ја истакнаа важноста на силната воена присутност на САД во регионот за безбедноста на нивните земји.

По состанокот на балтичкиот остров Саареми, естонската претседателка Керсти Каљулаид и нејзиниот латвиски колега Егилс Левитс изјавија дека го поддржуваат „силното присуство на војниците на САД во Европа во целина и, исто така, во Полска“.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави неодамна дека САД ќе го намали бројот на американските војници во Германија од 37.000, севкупно со логистичкиот персонал 52.000, на 25.000 војници.

Како што одамна беше најавено, дел од американските војници ќе бидат прекомандувани во Полска, потврди Трамп во средата на заедничката прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда, и повторно ја критикуваше Германија затоа што не го издвојува договорениот удел во заедничката одбрана уште на самитот на НАТО во 2014 година

„Преместувањето на војниците треба да се согледа во поширок контекст. Овие расправи и овие одлуки се водени од долгорочна перпсектива, така што всушност не можете да ги поврзете Германија и Полска во тој контекст, Мислам дека тоа е лажна врска“, изјави Каљулаид.

„САД заедно со системот на НАТО треба да одлучат како да се јакне безбедносната состојба во регионот“, додаде Левитс.

Литванскиот министер за одбрана Раимундас Кароблис рече претходно во четвртокот дека има измешани чувства во врска со американскиот план за преместување на трупите.

„Не би било добро значителен дел од војниците на САД да се повлечат од Германија, бидејќи тоа е ризик за создавање поделба меѓу европските членки на НАТО“, рече Кароблис за литванското радио.

Од друга страна, Литванија секогаш заговараше максимално јакнење на военото присуство на САД на источното крило на НАТО, рече Кароблис, додавајќи и дека Полска во таа смисла „веројатно е едно од најважните места“.

Балтичките земји, кои имаат значителни заедници на Руси на своите териритории на кои им оспоруваат многу граѓански права за кои одвреме-навреме се критикувани од ОН и ЕУ, го искористија превратот во Украина на почетокот од 2014 година и референдумот за присоединувањето на мнозинскиот рускојазичен полуостров Крим на Руската Федерација да бараат зголемена воена пристуност на НАТО на нивните територии. Според аналитичарите, тоа главно се должи на пресметките за финансиски добивки од присуството на трупите на Алијансата, што всушност беше и една од забелешките на Трамп на Германија.

НАТО и САД тоа го искористија за од 2014 година да го зголемат военото присуство на самите граници со Русија распоредувајќи ротирачки единици. САД, исто така, распоредија и дополнително вооружување и трупи во Полска, и по дополнителни илјада војници во секоја од балтичките земји.