Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун во наредните два дена ќе ги посети Русија и Украина, пренесе „РИА Новости“.
Се очекува генералниот секретар да ја посети Москва на 20 март, а Киев само еден ден подоцна, на 21 март.
Во Москва Бан Ки Мун планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Во Киев ќе се сретне со претставници на украинските власти и јавни организации.