Банкнотата од десет швајцарски франци е прогласена во петокот за најубава на светот, но не е познато дали тоа е поради нејзината златеста боја, мотивите на нежните раце на диригентот или врвната заштита од фалсификување.
Меѓународното здружение за банкарски банкноти (IBNS) во кое членуваат колекционери, од 1961 година „го промовира и поттикнува“ проучувањето на банкнотите и доделува награди за банкнота на годината.
Банкнотата од десет швајцарски франци којашто ја изработува Швајцарската национална банка (SNB) е избрана за банкнота на годината за 2017-та во „остра конкуренција каква што досега не е забележана“, соопштија од IBNS на мрежната страница на здружението.
Зад неа се банкнотата од 10 фунти на Шкотската кралска банка (SRB) со слика на научничката Мери Сомервил со шапка, светкавите 10 канадски долари со бледовиолетова боја и од 7 долари на островот Фиџи издаден во чест на неговата седумчлена рагби селекција којашто на земјата ѝ го донесе првиот олимписко медал во историјата.
Меѓутоа, на жирито на крајот најмногу му се допаднале префинетите раце на директорот на оркестарот, железничкиот тунел и механизмот на часовник на 10-те швајцарски франци коишто, како што наведува Швајцарската национална банка, ја симболизираат „смислата на земјата за организација“.