Барбадос ќе биде првата земја со амбасада во метаверзумот

Барбадос ќе биде првата суверена држава во светот којашто ќе воспостави своја „амбасада“ во метаверзумот, објави компанијата Decentraland.

Метаверзумот е тродимензионална средина во интернет просторот, каде што корисниците комуницираат меѓусебно преку аватари. Според порталот, предвидено е амбасадата да биде отворена во јануари.

„Горди сме што денеска во Decentraland ја поздравуваме владата на Барбадос, која ја отвори првата амбасада во светот во метаверзумот“, објави компанијата на својот Twitter акаунт.

Како што пренесе порталот CoinDesk, повикувајќи се на барбадоското министерство за надворешни работи и трговија, владата исто така, работи на дооговои со другите метаверзуми, како на пример Somnium Space и SuperWorld.

Во интервјуто за порталот, амабсадорот Барбадос во Обединетите Арапски Емирати, Габриел Абед, вели дека земјата има намера да вложи дополнителни напори за активности во различните виртуелни простори. Истакнува дека создавањето на амбасадата во метаверзумот е начин Барбадос да го зголеми бројот на своите дипломатски мисии.

Абед додава дека министерот и другите владини тела веќе неколку месеци ги разгледуваат плановите за отворање на таквата амбасада. Амбасадорот навестува дека таквите амбасади ќе биде почетната точка за поамбициозните економски планови во виртуелните пространства.