Барбара сака и пари и титули

Потпретседателката на италијанскиот калчо гигант Милан, Барбара Берлускони откри дека е многу важно клубот да освои шампионска титула но и да има позитивен биланс на крајот од годината.

“Не е важна само шампионската титула. Клубот мора да освојува титули, но мора да има и позитивен биланс на крајот од годината. Многу е важно да се има профит, парите играат голема улога во фудбалскиот свет. Фудбалот е многу сериозен бизнис, која постојано се надоградува. Сепак во игра се многу активности од кои зависи и профитот на фудбалскиот клуб. Многу се важни спонзорите, многу е важна продажбата на дресовите, на реквизитите. Ќе има убав профит само ако се функционира без грешка и ако клубот се врати на самиот врв”, изјави ќерката на сопственикот на Милан, Силвио Берлускони.