![enis bardi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/enis-bardi.jpg?resize=627%2C404&ssl=1)
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди се повреди на мечот меѓу Трабзонспор и Анкарагучу, па поради тоа ќе ги пропушти следните два меча на Македонија против Хрватска и Чешка.
Барди има истегнати лигаменти на десното рамо и веќе почна со рехабилитација, а тоа го спречи да биде дел од подготовките и да ѝ помогне на Македонија во пријателските натпревари.
Македонија првиот меч го игра на гостински терен кај Хрватска, додека една седмица подоцна гостува во Чешка.