Барса бара одложување на мечот со Лас Палмас, 337 повредени

Дуелот од 7-то коло на шпанската фудбалска лига меѓу Барселона и Лас Палмас сепак нема да се одигра во недела на „Кам Ноу“, бидејќи е откажан „пореди несигурната ситуација во Барселона“, а каталонската влада објави дека полицијата со гумени куршуми ги гаѓа поборниците на референдумот за независност на Каталонија кој владата во Мадрид го прогласи за незаконски.

Одложувањето на мечот го побарала Барселона, а се очекува дека ќе го потврди и фудбалскиот сојуз на Шпанија.

Во Барселона и во цела Каталонија траат во неделата протести и судири со шпанската интервентна полиција која им брани на граѓаните да се изјаснуваат за независност и отцепување од Шпанија.

Каталонската Влада тврди дека 337 луѓе се повредени за време на одржувањето на референдумот за независност

Каталонската регионална вада соошти преку Twitte дека 337 луѓе се повредени во „насилствата на шпанската полиција“ за време на одржувањето на референдумот за независност.

Трули ги објави тие бројки и на прес конференција на која ги обвини шпанските полицајци за бруталност. Тој го обвини и шпанскиот премиер Маријано Рахој дека е одговорен за насилствата.