Претседателот на каталонскиот гигант Барселона, Жосеп Мариа Бартомеу откри дека спортскиот директор, Андони Зубизарета работи на новите трансфери иако ФИФА има донесено одлука, со која му се забранува на актуелниот шампион на Шпанија да ангажира нови фудбалери во следните 14 месеци.
„Како прво, Ален Халиловиќ потпиша за вториот тим на Барселона, а спортскиот директор, Андони Зубизарета работи на новите трансфери. Нема да ги менуваме нашите планови. Ќе пробаме на еден убав, цивилизиран начин да и објасниме на ФИФА, а ако не успееме тогаш ќе испратиме жалба и до Спортскиот арбитражен суд. Не е само Барселона, сите поголеми клубови купуваат помлади фудбалери. Ние стоиме зад правилото на ФИФА за помлади фудбалери, но не е убаво тоа право да применето врз Барселона. Ќе се браниме, ќе се браиме заедно со претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија”, изјави Бартомеу.